• Саше Љолес
По 13 сезони поминати во Милвоки, Јанис Адетокумбо започнува ново поглавје во НБА кариерата. Грчкиот кошаркар оваа сезона ќе го носи дресот на Мајами Хит, каде што пристигна во големата размена со Бакс.
Адетокумбо откри дека веќе почувствувал поинаква атмосфера во новиот тим. На тренинг кампот во Лос Анџелес, кој играчите сами го организирале во септември, имало и необична мотивациска сесија со двајца поранешни припадници на специјалните единици.
„Вчера имавме состанок. Двајца поранешни војници, припадници на специјалните единици, беа присутни и ни раскажаа дел од своите приказни додека ние правевме склекови. Сето ова е неверојатно и многу ми се допаѓа. Се наежив. Повторно сум жив“, изјави Јанис.
За него ова ќе биде 14. сезона во НБА, а по ланската кампања има дополнителен мотив да се врати на највисоко ниво. Минатата сезона одигра само 36 натпревари, што е најмалку во неговата кариера.
Сепак, Адетокумбо не размислува за забавување на темпото. Иако има 31 година, смета дека најдобрите години сè уште се пред него.
„Имам 31 година, а не 35 или 36 за да размислувам како да забавам. Погледнете го Кевин Дурант. Има 38 години, а јас знам дека имам уште пет или шест години добар кошаркарски период“, порача Адетокунбо.
Мајами новата сезона ќе ја започне на 21 октомври против Минесота Тимбервулвс, а сите очи ќе бидат насочени кон дебито на Јанис во дресот на Хит.












