Јанис потврди: Би бил возбуден да настапам на Олимписките игри

Јанис Адетокумбо во разговор со новинарите доби прашање дали би сакал да биде дел од тимот на Грција, ако оваа селекција се пласира на Олимписките игри, кои следното лето ќе се одржат во Париз.

Најдобриот играч на Милвоки на интересен начин одговори на ова прашање. Тој прво ги наброја сите приоритети, а потоа се осврна на потенцијалниот настап.

„Во моментов сакам прво да ги видам своите деца. Потоа треба да играм натпревар со Визардси, а потоа да бидеме најдобри во НБА лигата - да играме во плеј-оф бидејќи тоа е императив. 

Што се однесува до Париз и Олимписките игри... ако се пласираме таму, би бил возбуден да бидам дел од тимот“, изјави Јанис.

Адетокумбо поради повреда не можеше да ѝ помогне на Грција на претходниот Мундобаскет, кој се играше на Филипините, во Јапонија и Индонезија