• Саше Љолес
Американските медиуми пишуваат дека управата на Милвоки Бакс нема конкретен договор со првата ѕвезда на тимот, Јанис Адетокумбо, околу неговата иднина и плановите за следните неколку сезони.
Грчкиот кошаркар е вистински лидер на екипата и миленик на навивачите, но се чини дека неговата етапа во Милвоки може лесно да заврши ако не се пронајде заеднички јазик околу креирањето на ростерот.
Управата веќе најави дека нивен приоритет е задржувањето на Јанис во клубот, но се појавија гласини дека тој би можел да премине во редовите на Њујорк Никс, кои би го пречекале со „раширени раце“.
Минатата сезона Адетокумбо имаше одличен просек од 30,5 поени, 12,2 скока и 6,5 асистенции по натпревар. Во Милвоки е од 2013 година и оттогаш стана „заштитен знак“ на франшизата.







