• Иван Димовски
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер славеа убедливо на гостувањето кај Мемфис Гризлис (100-114) во НБА лигата. Одново прво име во победата на шампионот беше Шеј Гилџус Александер. Ланскиот МВП беше во елемент и натпреварот го заврши со 35 поени, а далеку зад него беа Холмгрен и Мичел со по 21. Во Мемфис се истакна Џексон кој уфрли 17 поени.
- Мемфис Гризлис - Оклахома Сити Тандер:
Хјустон Рокетси се радуваа на победа на незгодното гостување во Милвоки со резултат 115-122. Јанис Адетокумбо немаше голема поддршка од соиграчите, па иако мечот го заврши со 37 поени неговиот тим загуби. На спротивната страна во елемент беа Кевин Дурант со 31 и Алпар Шенгн со 23 поени и 11 скока.
- Милвоки Бакс - Хјустон Рокетс:
На останатите терени Њујорк го декласира Бруклин (134-98), Бостон слави во Орландо (107-111), Детроит ја доби драмата во Филаделфија (108-111), Голден Стејт дома се радува против Индијана (114-83), а Минесота беше подобра од Сакраменто (117-144).










