Јанис конечно заигра, Грција лесно ја „размонтира“ Летонија!

Грчката кошаркарска репрезентација ја совлада селекцијата на Летонија со убедливи 104-86 на пријателскиот натпревар одигран во „ОАКА“ арената во Атина. 

За домашниот состав конечно настапи и Јанис Адетокумбо, кој беше предводник на тимот и постигна 25 поени и 10 скокови, а зад него беше соиграчот Ларенѕакис со 12 поени (4/4 за три). 

Грците подобро го отворија мечот во кој сите очи беа вперени во ѕвездата на Милвоки Бакс. Јанис првпат заигра во подготвителниот период и се очекува да биде вистински носител на играта на натпреварите од Европското првенство. 

Уште во раната фаза имаше осум поени, а забележа и две блокади, со што веднаш покажа дека е во одлична форма и покрај малата пауза. 

Нашиот јужен сосед ќе одигра уште две контролки пред почетокот на континенталниот собир. На „менито“ се репрезентациите на Италија и Франција.