ВИДЕО: Јанис и Милвоки незадржливи, Јута загуби кај Филаделфија

Антетокумбо

Јанис Антетокумбо ја водеше екипата на Милвоки Бакс до нова победа, 12-та во низа. Тимот на Мајк Буденхолцер го декласираа Њујорк Никс (132-88) на домашен терен и ја потврди најдобрата форма во НБА лигата.

Минатогодишниот МВП играч постигна 29 поени и собра 15 скока. Неговиот тим на убедлив начин ја доби секоја четвртина и заслужено однесе нов триумф.

Филаделфија успеа да слави против незгодната Јута (103-94). Тобиас Херис со 26 поени и девет скока беше прво име кај Сиксерси.

Атланта рутински го надигра Голден Стејт (104-79), Индијана го освои Мемфис (104-117), Феникс тесно славеше кај Шарлот (104-109), а Чикаго се радуваше на гости кај Сакраменто (106-113).