Јанис Антетокумбо вторпат во низа прогласен за МВП во НБА

Најдобриот играч на Милвоки Бакс, Јанис Антетокумбо втора година по ред е прогласен за најкорисен играч во НБА лигата, барем така тврдат медиумите од САД.

Грчкиот кошаркар ја победи конкуренцијата во имињата на Леброн Џејмс и Џејмс Харден, па поради неверојатните партии во регуларниот дел од сезоната беше одново награден со признанието. 

Антетокумбо во регуларниот дел бележеше 29,5 поени, 13,6 скокови и 5,6 асистенции по натпревар, додека во плеј-офот неговите партии беа за нијанса послаби. Тој со Милвоки беше исфрлен во втората нокаут рунда од Мајами со убедливи 4-1. 

Со второто признание, Јанис се израмни со Боб Петит, Карл Мелоун, Тим Данкан, Стив Неш и Стеф Кари, додека тој ќе ги брка Меџик Џонсон, Лери Бирд и Мозес Мелоун кои имаат по три МВП трофеи.