Јанг и Бил лидери на „дрим-тимот“ на САД на СП 2023!?

САД

Полека се откриваат имињата на кошаркарите кои би можеле да настапуваат во дресот на Соединетите Американски Држави на Светското првенство 2023.

Американците одново ќе бидат први фаворити за златниот медал на светскиот собир. Иако турнирот е закажан за наредната година, полека се појавуваат шпекулации околу можниот ростер со кој ќе располага селекторот Стив Кер.

Треј Јанг и Бредли Бил се првите имиња кои се споменуваат во американските медиуми. Млади ѕвезди кои би можеле да добијат шанса се Џордан Пул, Тајрис Макси, Дариус Гарланд и Зион Вилијамсон. Исто така се пишува за можен настап на поискусните Џа Морант и Донован Мичел.

Џоел Ембид доби американско државјанство, па и тој е опција за „дрим-тимот“ на Соединетите Американски Држави за Мундобаскетот наредната година.