ВИДЕО: Јанг диригираше победа над Клиперси, продолжи очајот на Вашингтон

Треј Јанг

Атланта продолжи да изненадува со формата на стартот од новата сезона. Изминатата вечер Треј Јанг одново го водеше тимот кон победа над фаворит во Лос Анџелес Клиперс (108-99). Одличниот шутер постигн 38 поени и беше прво име на теренот. Гостите беа подобри во првиот, но попуштија во вториот дел и го запишаа петтиот сезонски пораз. Ленард разочара со играта и постигна само 13 поени, а Реџи Џексон со 20 поени беше прв стрелец кај гостинската екипа.

По заминувањето на Харден, Хјустон полека започнува да наоѓа вистински ритам. На домашниот дуел со Вашингтон оствари убедлив успех со 107-88. Дуото Бил и Вестбурк нема одговор за проблемите со кои се соочуваат Визардси оваа сезона, кои не се очекуваат наскоро да завршат. 

Пресврт победа запиша Јута на домашниот дуел со Њујорк (108-94) и ја продолжи победничката серија која ѝ донесе висок пласман во Западната конференција. Никси имаа убедливи +13 на пауза, но наидоа на поинаков противник во продолжението од мечот, па на крај убедливо беа поразени, и покрај тивката вечер на Донован Мичел.