• Редакција Gol.mk

Еден од најискусните кошаркари во Суперлигата, Марјан Јанески, замина од МКК Куманово и вториот дел од кошаркарската сезона ќе ја продолжи во дресот на Бутел.
Скопскиот клуб веќе го објави своето големо засилување, со кое ќе аттакува на влез во Суперлигата на Македонија од следната сезона. Во меѓувреме кумановчани го доведоа репрезентативецот Стојан Ѓуроски.
Во првиот натпревар во новата година, МКК Куманово пред своите гледачи неочекувано загуби од Чаир.
