Јанакопулос во транс за најдобриот грчки спортист, луд пресврт на ПАО за 40. круна!

Екипата на Панатинаикос одигра феноменален натпревар и со победа над Олимпијакос (87-82) во петтиот натпревар од финалната серија дојде до титулата во грчкиот шампионат и така ги обедини домашната и европската круна.

Благодарение на симултанката на грчката кошаркарска легенда Костас Слукас, „зелените“ дојдоа до џиновскиот триумф. ПАО до титулата дојде со луд пресврт, откако во серијата со лутиот ривал губеше со 0-2.

Слукас овој натпревар го заврши со 29 поени, од кои 25 ги даде во првото полувреме. За тој учинок му беа потребни 12 минути. За три шутна 4/5, 5/5 за два и 3/3 од линијата за слободни, статистички податок кој го радува газдата Димитрис Јанакопулос.

„Сега кога работите си дојдоа на свое место морам да кажам фала до управата на Олимпијакос и до тренерот кои дозволија најдобриот грчки спортист да дојде во Панатинаикос. И да може да го доживее сето тоа што ние го доживеавме оваа година. Ова е само почеток, благодарност до сите тројца од Олимпијакос“, кажа контроверзниот Јанакопулос.

За атинските „зелени“ ова беше 40-та титула во државното првенство.