• Саше Љолес
Сопственикот на Панатинаикос, контроверзниот Димитрис Јанакопулос, „распали“ по своите играчи, нарекувајќи ги „безвредни“, по тешкиот пораз од Валенсија во Евролигата (102-84).
Првиот човек на „детелинките“ изјави дека овој резултат е понижувачки за клубот и упати остри зборови до кошаркарите и стручниот штаб.
„Честитки за Валенсија, мислам дека игра најдобра кошарка во Евролигата. Ние дојдовме неподготвени, потфрливме целосно. Треба многумина да се запрашаат дали ја сфаќаат големината на овој клуб.
Пораката е јасна, без двосмисленост. Изгледавме безвредни на теренот. Ако некому не му е јасно, слободен е да си замине“, рече Јанакопулос.
Со поразот во Шпаноија, грчкиот тим си ги искомпликува шансите за директен пласман во плеј-офот. Во последното коло ќе мора да го совлада Анадолу Ефес, но и да се надева на порази на Жалгирис.





