Јанакопулос полуде поради Евролигата: „Ќе ве уништам сите, одиме во НБА или ФИБА!“

Кошаркарите на Панатинаикос беа поразени во луд финиш во вториот натпревар од плејофот од Ефес на „ОАКА“ арената. Овој пораз, а пред сè судењето, не му се допадна на првиот човек на „зелените“ Димитрис Јанакопулос.

На својот Инстаграм профил, тој предупреди дека нема да потпише нов десетгодишен договор со Евролигата.

„Радовиќ, Белошевиќ, Јавор, Пукл, Николиќ, Хордов. Сите вие, нели? Сите вие. Јас лично ќе ве уништам сите. Јас лично ќе ве уништам сите. Го направив тоа минатата година и ќе го направам повторно оваа година. Навистина не разбирам.

Клуб како Реал Мадрид, со толку многу историја, најмногу титули во Евролигата, а вие прифаќате да бидете третирани вака? И прифаќате да бидете третирани вака? Браво, Дејан. Ве молам, може ли некој да ми објасни зошто Саша Пукл судеше толку многу натпревари на Олимпијакос оваа година? Зошто Радовиќ судеше толку многу натпревари? Ве молам, проверете ја статистиката. Проверете ја статистиката повторно. Проверете ја статистиката. Дури и глупавите луѓе го разбираат тоа. Дури и глупавите луѓе разбираат“, нагласи сопственикот на ПАО.

Тој не застана тука, следуваше уште пожесток говор.

„Разбирам веќе 15 години. Знаев за Ѓорѓи и што правеше со парите од Евролигата. Крајно време е да се разбудите. Не ме интересираат вашите казни. Не ме интересираат. Можете да ме казните затоа што не можете да ме поднесете. Но, не можете да го казните Нан, не можете да го казните Лукас, не можете да го казните Атаман, не можете да го казните Грант, не можете да го казните Хуанс, не можете да казните ниту еден од нив. Ќе дојдат и ќе ве е*ат сите заедно.

Има една изрека во Грција - кога си добар, луѓето мислат дека си слаб. Ние не сме слаби, верувајте ни, ние сме посилни од сите вас заедно. Погледнете нè. Го сакате мојот потпис за следните 10 години? Еве го мојот ебан потпис за следните 10 години. Играме сами во Евролигата. Одиме во НБА или во ФИБА“, додаде Јанакопулос.

Серијата помеѓу Панатинаикос и Ефес сега се сели во Турција, а првиот натпревар е за пет дена.