• Саше Љолес
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно се најде во центарот на вниманието во Евролигата со неговата контроверзна изјава по добиената суспензија од натпреварувањето.
Тој порача дека нема намера да се повлече и дека, доколку навистина сакал, би можел да биде присутен во салата и покрај сите забрани и тензии околу неговото однесување на натпреварите.
„Никој не може да ми забрани да бидам во салата. Нема ни да забележат дека сум внатре. Ниту една суспензија нема да ме спречи во гласното артикулирање на неправдите и во поддршката за мојот тим“, рече Јанакопулос.
Газдата на ПАО во последниот период е често под дисциплински мерки и суспензии од страна на Евролигата, но продолжува јавно да реагира и да ги коментира случувањата околу својот клуб и судиите.
Целата ситуација уште еднаш ја нагласува напнатата атмосфера во грчката и европската кошарка, каде што односите меѓу клубовите, раководствата и организацијата се на високо и тензично ниво.
