Јанакопулос најави четири „бомби“ за новиот ПАО, ќе ги објави уште денес!

Сопственикот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, официјално најави четири последователни трансфер „бомби“ кои клубот планира да ги објави во текот на денешниот ден.

Преку видео на својот Инстаграм профил, тој користеше анимација со топ и изјави: „Денес ќе имаме една бомба, можеби и втора. Можеби ќе има и трета, а за крај и четврта“.

Оваа најава е дел од големата летна реконструкција на атинскиот тим по разделбата со тренерот Ергин Атаман.

Сенегалскиот бек од Валенсија,Бранку Бадио, веќе пристигна во Атина за медицински прегледи и е првото официјално потврдено име од страна на Јанакопулос. Исак Бонга, поранешниот НБА играч и германски репрезентативец е во финална фаза на потпишување повеќегодишен договор со клубот. Останатите засилувања засега се чуваат во тајност, но се очекува во следните часови клубот целосно да ги официјализира сите четири нови звучни имиња кои треба да го вратат тимот на европскиот врв