Јан Весели го повреди грбот непосредно пред Ф4 во Каунас

Кошаркарот на Барселона, Јан Весели го напушти натпреварот на каталонскиот клуб против Обрадоиро во Ендеса лигата поради повреда на грбот и е под знак прашалник за учество на завршниот турнир на Евролигата, кој започнува следниот петок во Каунас.

Весели на терет мина само нешто повеќе од три минути, по што го напушти теренот и не се врати, а клубот излезе со соопштение во кое потврди дека Чехот заработил повреда на грбот. Засега нема официјални информации за потенцијалната пауза, но прашање е дали ќе биде подготвен до петок и натпреварот против Реал на „фајнал-фор“ турнирот.

Барселона лесно го победи Обрадоиро со 94-77, а најдобри стрелци кај Каталонците беа Никола Миротиќ со 27, Алекс Абринес со 12 и Никола Калиниќ со 11 поени. Касиус Робертсон постигна 19 поени за клубот од Сантијаго де Компостела,