• Мартин Танасковски
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски е најефикасниот играч во машката сениорска репрезентација на Македонија по четири одиграни кола од претквалификациите за Евробаскетот кој ќе се одржи во 2029 година.
Нашето репрезентативно крило досега постигна 90 поени, најмногу во двете одиграни фази во оваа конкуренција. Тоа прави просек од 22.5 поени по натпревар кои го ставаат Јакимовски на четвртото место во вкупниот поентерски поредок.
Засега, лидер е натурализираниот Американец во селекцијата на Ерменија. Андре Спајт кој е на просек од 33.5 поени, пред Бен Ковач од репрезентацијата на Луксмебург, кој има 26, или колку и Давид Де Џулиус (Словачка).
На Етан Хап му беа потребни само два натпревари да дојде до второто место на листата на најдобрите скокачи во овие претквалификации. На двете средби со селекциите на Луксембург и Азербејџан собра 23 скока, или во просек по 11.5, кој го става на втората позиција, зад Јура Меликуан (Ерменија), кој има 12.7 скока по меч.
Хап е и најдобриот блокер во оваа фаза од натпреварувањето, засега е на просек од 2.5 блокади по натпревар. Во онаа класификација на корисност, Етан Хап е на четвртата позиција, има 22.5 индексни поени во просек, а веднаш зад неговиот, е ефектот на Андреј Јакимовски, кој има 22.3.

