Јакимовски двоцифрен против актуелниот освојувач на Еврокупот!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски имаше добар старт на настапите во Еврокупот со неговиот нов клуб Наполи од Италија.

Наполи на домашен терен го победи француски Бург со резултат 84-76. Инаку, француската екипа е лански освојувач на трофејот во ова натпреварување.

Јакимовски за 23 минути на паркетот успеа да постигне 11 поени, со уште четири скока и една асистенција зад своето име.

Во Еврокупот претходно победнички тргна и Ненад Димитријевиќ со Арис.