Јакимовски блесна против тимот во чии редови игра синот на Леброн Џејмс

Екипата на Вашингтон Стејт Универзитетот, каде што настапува македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски, оствари нова победа во НЦАА. Одново меѓу најзаслужните беше токму нашиот репрезентативец.

Јакимовски имаше нова одлична партија во шампионатот и беше најдобар стрелец во својот тим. Тој постигна 18 поени, од кои четири тројки, а додаде уште пет скока. Вашингтон Стејт Универзитетот славеше против Универзитет Јужна Калифорнија, во чии редови настапува синот на Леброн Џејмс. Брони имаше скромен скор од само два поени, но забележа четири лични грешки. 

За Вашингтон Стејт, ова беше 22-ра победа оваа сезона и со тоа продолжи да го следи чекорот со Аризона, која е лидер во конференцијата.