Јака Блажиќ се враќа во Словенија и прави „кам-бек“ во АБА

Словенечкиот кошаркар Јака Блажиќ се враќа во тимот на Цедевита Олимпија, јавуваат регионалните медиуми. Ова за него ќе биде враќање во АБА лигата после една сезона мината во дресот на турскиот клуб Башакшехир. 

Изминатата сезона беше една од најслабите во кариерата на Словенецот, бележејќи скромен просек од 5,2 поени по натпревар. Блажиќ имаше проблеми со грбот кои долго го мачеа, пропушти и дваесетина натпревари, а сега во Цедевита се очекува да има голема минутажа и ќе се обиде да се врати во препознатливиот ритам. 

33-годишниот кошаркар имаше многу светли моменти во минатото, а најдобрите игри ги прикажуваше во дресот на Црвена Звезда, Басконија и Барселона. Ова за него е враќање во АБА-лигата и се очекува да биде солидно засилување за словенечкиот тим. Јака Блажиќ е освојувач на златен медал од Европското првенство во 2015 година и еден од најдобрите словенечки кошаркари на својата генерација.