• Саше Љолес

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара официјално се збогуваше со спортот, откако реши да се пензионира по големите здравствени проблеми низ кои мина последниве две години.
Полонара долго со бореше со рак на тестисите и мијалоидна леукемија, но го одушеви целиот свет со неговото враќање под обрачите. Потпиша договор со Динамо Сасари, но сепак реши да престане со кошарката и да се посвети комплетно на целосно заздравување.
„Пробав да се вратам, тренирав индивидуално и бев близу до целосен кам-бек, но решив дека треба да престанам. Нема повеќе никогаш да бидам на нивото на кое што бев претходно.
Затоа, сметам дека е време за крај. Сакам да ме паметат по моите успеси и по убавите моменти од кариерата. Ќе ми недостига оваа портокалова топка“, изјави крилниот центар.
Полонара имаше повеќе од солидна кариера. Започна во Терамо, а потоа играше за Варезе, Реџана, Динамо Сасари, Басконија, Фенербахче, Анадолу Ефес, Жалгирис и Виртус Болоња.



