• Иван Димовски

Кошаркарската федерација на Македонија го одржа состанокот со претставниците на женските клубови на кој беа извлечени натпреварувачките броеви. Со тоа се формираше распоредот на натпреварите за „Sparkasse Life“ Првата лига за жени за сезоната 2025/26.
Клубовите ги добија следните броеви: Баскет Кам (1), Пробаскет (2), Патриот 2016 (3), Вардар (4), Спорт тим (5), Крива Паланка (6), Бадел 1862 (7), МЗТ Скопје Аеродром (8). Распоредот се формираше според Бергеровиот систем за натпреварување со осум екипи и веќе се познати двојките во првото коло.
- Парови во првото коло кај дамите:
МЗТ Скопје Аеродром - Баскет Кам 2011
Пробаскет - Бадел 1862
Крива Паланка - Патриот 2016
Вардар - Спорт тим
Сезоната во мак-кошарката кај дамите се отвора со Суперкуп натпреварот во кој за трофејот ќе се борат Баскет Кам и Вардар.
Исто така извлечени беа и броевите за Втората лига, а таму во првото коло ќе играат:
Шкупи - Охрид
Риниа - Тим Арена
Гевгелија - Гостивар
Струга 2009 (слободна)
Во двете лиги стартот е планиран за 11 октомври.