Израелската легенда Одед Каташ го презема Панатинаикос

Панатинаикос го реши прашањето на нов тренер и го назначи израелскиот стручњак Одед Каташ како свој нов предводник. Каташ доаѓа од Хапоел Ерусалим, клуб со кој ПАО наскоро ќе се договори за цената на трансферот, бидејќи тренерот уште е врзан со договор за израелскиот клуб.

Кога двете страни ќе се договорат, Катас ќе потпише договор до 2022 година.Тој ќе го наследи Јоргос Воворас на клупата на Панатинаикос.

Инаку, Одед Каташ е поранешен играч на „зелените“ од Атина, со кој ја освои Евролигата во 2000 година.