Израелецот Мадар на излезна врата во Фенербахче

Јам Мадар во контроверзен трансфер пристигна од Партизан во Фенербахче во текот на претходното лето. Како резултат на овој трансфер дојде до прекин на соработката меѓу Партизан и менаџерот на Мадар, Мишко Ражнатовиќ, а самиот Израелец е на мета на навивачите на „црно-белите“.

Сепак, на крајот од оваа сезона неговата судбина е неизвесна, бидејќи постои можност да го напушти клубот од Истанбул. Причината е што не покажа дека се вклопува во овој тим на Шарунас Јасикевичиус. Мадар на 26 натпреари имаше просек од 4,7 поени и 2 асистенции, а на последните четири натпревари во Евролигата постигна само два поени. Фенербахче размислува да донесе играч како замена, а сега на пазарот се појави и Рокас Јокубаитис, кошаркар кој е член на Барселона и кој дефинитивно го напушта овој клуб.

Јокубаитис е млад кошаркар, а покрај Фенербахче за неговиот потпис се споменува и Жалгирис.