• Елиминација во полуфиналето и експресен отказ за Жан Табак во Макаби

    Најтрофејниот израелски тим на сите времиња Макаби Тел Авив загуби во полуфиналето на израелскиот плеј-оф од аутсајдерот Макаби Ришон со 69-71 и веднаш по мечот гоотпушти тренерот Жан Табак заради клаузулата во договорот која вели дека без финале, нема ниту работа. Шесткратниот европски првак Макаби има 51 шампионска титула во својата земја, но веќе втора сезона нема да биде национален првак. 

  • Макаби го знае рецептот за успех: Блат се враќа во Израел?

    Според најновите информации кои доаѓаат од Израел, раководството на Макаби Тел Авив до крајот на неделата треба да потпише со Дејвид Блат. Американецот Блат во својата кариера на двапати седеше на клупата на „гордоста на Израел“. Првиот пат од 2001 до 2003 година, а вториот пат од 2010 до 2014 година.

  • Макаби Тел Авив создава дрим-тим за поход во Европа

    Како што пренесуваат медиумите од Израел доаѓањето на Сони Вимс во тимот на Макаби Тел Авив е „готова“ работа. Раководството на Макаби по катастрофалните резултати во Евролигата, а потоа и во Еврокупот, ќе се обиде да ја врати „гордоста на Израел“ на место каде и што заслужува да биде, а тоа е во врвот на европската кошарка. Прв чекор е доаѓањето на Вимс, кој е еден од најдобрите кошаркари кои настапувале во Евролигата.

  • Макаби се засилува со крилниот центар на Србија, Зоран Ерцег

    Српскиот кошаркарски репрезентативец, Зоран Ерцег е пред потпис со поранешниот европски шампион тимот на Макаби.