Изненадувачки потег: Освои олимписко сребро, па доби отказ

Селекторот на француската кошаркарска репрезентација, Венсан Коле, сосема неочекувано доби отказ од националната федерација, пренесуваат тамошните медиуми. 

Оваа одлука е големо изненадување, особено поради фактот што „триколорите“ имаа повеќе од успешен настап на Олимписките игри, каде загубија во финалето од „дрим-тимот“ на САД и го освоија сребрениот медал. 

Коле беше селектор на Франција од 2009 година и со националниот тим освои два сребрени медали од Олимписките игри, како и златниот медал на Европското првенство во 2013 година. Федерацијата го информирала дека договорот нема да биде продолжен и на негово место наскоро ќе биде назначен нов стратег. 

Досегашниот селектор четири пати беше избиран за тренер на годината во Франција (во 2001, 2004, 2015 и 2016 година).