• Саше Љолес
Поранешниот тренер на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун, прифати изненадувачки ангажман и ќе работи во НЦАА лигата, каде ќе го предводи тимот на Универзитетот Северна Каролина.
Иако се очекуваше да ја прифати понудата од Орландо Меџик, Мелоун одлучи да замине од НБА лигата после цели 25 години и ќе работи на Универзитетот од кој потекнува славниот Мајкл Џордан.
Во НБА лигата, Мелоун работеше во екипите на Њујорк, Кливленд, Голден Стејт и Сакраменто, а како прв тренер на Денвер ја освои шампионската титула, заедно со Србинот Никола Јокиќ.