ВИДЕО: „Измама“ на сезоната во НБА – ваков поен досега не е виден! 

Екипата на Милвоки Бакс запиша нова рутинска победа во НБА лигата, откако со 131-114 го совлада тимот на Шарлот, но Коди Зелер го украде шоуто со потег кој можеби никогаш не е виден во оваа игра. 

Американскиот центар е креатор на „измамата“ на сезоната која уште долго време ќе се прераскажува. Кон средината на втората четвртина, Зелер имаше две слободни фрлања, а откако го погоди првото, Буденхолзер побара тајм-аут. Вториот пат беше неуспешен и топката заврши во рацете на Адетонкунбо, но Зелер веднаш сфати дека никој не забележа дека тоа беше второ слободно фрлање и ја грабната топката од противничкиот кошаркар и ја заби во кошот. 

Погледнете ја несекојдневната ситуација на кошаркарските терени: