ВИДЕО: Изгоре салата на француски кошаркарски прволигаш

Францускиот кошаркарски прволигаш, Гравлен, создаден со спојување на клубови основани во далечната 1926 година, вчера остана без сала.

Салата од осумдесеттите години од минатиот век, изградена од комбинација на тула и дрво, беше зафатена од пожар. Алармот се огласил вчера околу 13:00 часот, но ветрот го разгорел пламенот и им отежнал на пожарникарите, кои се обиделе да го изгаснат пожарот со дури седум возила. За среќа нема жртви во пожарот.

Гравлен, кој во историјата го освои само Купот на Франција во 2005 година, моментално е на претпоследното место во шампионатот. Со најновата пречка и трошоци кои претстојат, најверојатно ќе се движи ранг надолу за да се стабилизира.