Ивица Димчевски останува до пензија верен на Феникс

Искусниот македонски кошаркар Ивица Димчевски ја продолжи соработката со македонскиот прволигаш Феникс на долг рокг и практично таму ќе остане до крајот на активната кариера.

Димчевски, кој има 35 години, потпиша тригодишен договор со тимот предводен од Денис Дервишевиќ. Со оглед на тоа што ќе биде на прагот на петтата деценија од животот кога ќе му помине договорот, тоа значи дека тој останува верен на клубот до крајот.

Димчевски дојде во Феникс во 2022 година, а претходно играше за Еуро Никел, Гостивар, Кожув, Струмица, Работнички, Куманово, Торус и Вардар.