Иван Сапунџиев по две години пак во дресот на ТФТ

Македонскиот кошаркар Иван Сапунџиев се врати во старо-нова средина и ќе игра во екипата на ТФТ во новата сезона од прволигашкиот ранг.

29-годишникот имаше понуди од неколку македонски екипи, а изборот падна на ТФТ во чија средина соработуваше со тренерот Боро Смилковски пред две години. Сапунџиев дојде во Пелистер баш од тимот на ТФТ.

Сапунџиев исто така го носеше и дресот на Вардар, Карпош Соколи и Фени Индустри. Зад своето име има две титули, тие се во Купот на Македонија, со екипите на Карпош Соколи и ТФТ.