Итудис запиша јубилеј и влезе во одбрано друштво на Евролигата

Искусниот кошаркарски стратег Димитрис Итудис влезе во историјата на Евролигата. 

Неговиот Фенербахче ја совлада Олимпија Милано за деветта победа по десет кола, а за Итудис ова беше јубилејна двестота во кариерата. Со ова славје, Итудис влезе во одбрано друштво.

Само тројца други тренери имаат повеќе победи во ова натпреварување. Лидер е Жељко Обрадовиќ со 317, пред Чави Пасквал со 241, како и Пабло Ласо со 236. Итудис е на добар пат да остане запаметен како еден од најдобрите тренери во Европа.