• Иван Димовски

Предводникот на Фенербахче, Димитрис Итудис во пресрет на стартот на новата сезона во Евролигата даде интересна изјава. Тој смета дека е добро за спортот да се вратат руските клубови во елитното европско натпреварување.
„Одушевени сме поради учеството во ВТБ Купот. Се надевам дека руските клубови ќе се вратат во европските натпреварувања што побргу. Спортот би требало да ги спојува луѓето, а не да ги дели. Сите кои работат во спортот треба да имаат можност да се натпреваруваат. Навистина се надевам дека ЦСКА ќе се врати што побргу, истото важи и за Уникс, Зенит и Локомотива Москва“, рече Итудис.
Од следната сезона се планира проширување на Евролигата од 18 на 20 клуба. Сепак, засега нема индиции дека одлуките ќе се променат и Русите ќе бидат вратени во натпреварувањето, барем не пред крајот на воениот конфликт.