• Иван Димовски
Огромна фарса се случи на мечот меѓу Трапани и Тренто кој беше прекинат по само четири минути и десетина секунди игра.
Андреј Јакимовски и неговите соиграчи водеа со 11-26 против ривалот кој на терен истрча со само неколку младинци поради финансиските проблеми. Трапани уште од стартот тргна со идејата што побргу да остане без доволно играчи за натпреварот, па правеа намерни фаули, а имаше и играч кој имаше „здравствен проблем“.
Откако бргу останаа без доволно играчи за продолжување на средбата, судиите свирнаа крај при негатива од петнаесет поени уште во првата четвртина.
Од стартот натпреварот немаше набој не се играше цврсто во одбраната. Јакимовски го заврши дуелот со 12 поени зад своето име. За својата постапка Трапани ќе бида парично казнет среде финансиска криза, а нешто слично им се случи и во ФИБА Лигата на шампионите, натпреварување од кое беа суспендирани.




