Италијанците сменија филозофија: Имаат најмлад ростер во Евролигата

Виртус Болоња ќе има најмлад ростер во Евролигата во сезоната 2026/27, бидејќи италијанскиот клуб направи сериозно подмладување на тимот.

Екипата која од клупата ќе ја предводи Алекс Мумбру има просечна возраст од само 24,8 години, што е најмалку меѓу сите 20 учесници во елитното натпреварување. Зад Виртус следат Валенсија и Басконија со просек од 26,5 години.

  • Ростерот на Виртус за сезоната 2026/27:

Бекови: Томасо Балдасо, Трент Фрејзер, Маркус Џошуа Кар, Рашид Бело, Давиде Касарин, Матео Бајоки, Даниел Хакет.
Крила: Вендел Мур Џуниор, Кеслер Едвардс, Боби Клинтман, Дерик Олстон Џуниор, Франческо Ферари.
Центри: Кевин Кокиља, Алију Дијара, Мухамет Диуф.

Интересно, четири шпански екипи се меѓу петте најмлади во Евролигата. Виртус, пак, има само четворица кошаркари со 27 или повеќе години. Најискусен е 38-годишниот Даниел Хакет, додека дури осум играчи се на возраст од 24 години или помлади.