• Саше Љолес
Репрезентацијата на Италија е во потрага по нов натурализиран кошаркар кој би го засилил тимот за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи годинава.
„Аѕурите“ имаат проблем со ангажирањето на Донте Дивинченцо поради бирократски процедури, па затоа вниманието го свртеа кон плејмејкерот на Анадолу Ефес, Дариус Томпсон.
Томпсон во минатото настапуваше за екипата на Бриндизи и поседува италијански пасош, што може да придонесе за негово официјално натурализирање и приклучување на репрезентацијата.
Сезонава Томпсон бележи просек од 9,8 поени и 4,7 асистенции во Евролигата.
Фото/Foto: Basketball Sphere