ВИДЕО: Исвиркана и неиспочитувана македонската химна во Приштина

Во преполна сала во Приштина со концерт од свирежи косовската публика започна натпреварот од претквалификациите за Светското првенство во Кина.

Додека се интонираше македонската химна, неколку илјади луѓе во заглушувачка атмосфера неспортски свиркаа.

Македонија на дебито на Јорданчо Давитков на клупата во официјален натпревар има многу проблеми по првите 20 минути да го следи ритамот на агресивната косовска репрезентација.