Историско полуфинале за кошаркарките на Белгија на ЛОИ

Женската кошаркарска репрезентација на Белгија направи подвиг, славеше во европското дерби со Шпанија (79-66) и така се пласира во полуфиналето на Летните Олимписки Игри кои се играат во Франција.

„Црните мачки“ го приведоа мечот во своја корист благодарение на една четвртина. Тоа беше втората, во која беа убедливо подобри од ривалките и славеа со 22-11. На овој меч заврши страшната низа на Ема Месеман, која имаше шест натпревари со 20+ поени во низа.

Првата ѕвезда на Белгија заврши со 19 поени, исто колку што имаше и Линскенс, додека кај Шпанките, Густафсон постигна 21 поен, а Казорла на контото имаше 13 постигнати поени.

Белгија во првото историско полуфинале на олимпискиот турнир ќе игра со Германија или Франција.