• Зоран Мишевски

Во натпревар кој траеше скоро три часа и во кој имаше и убави и помалку убави сцени, Црвена Звезда го совлада Партизан со 83-75 во полуфиналето на Купот на Радивоје Кораќ. Дуелот мораше да биде прекинат во последната четвртина, заради фрлање на предмети на теренот, но и покрај стравовите од целосно празнење на трибините или прекин, натпреварот го дочека својот крај.
Во првите две четвртини Партизан постојано двоцифрено водеше, а тренерот на АБА-шампионите Душко Ивановиќ беше исклучен. По оние 44-30 на полувреме, Партизан неверојатно попушти во третиот квартал и Недовиќ и другарите целосно се вратија во натпреварот. Шутерското шоу на „црвено-белите“ донесе голема серија и практично без драма Црвена Звезда го дони полуфиналето со осум разлика.
Вилдоса со 15 и Недовиќ и Петрушев со по 14 поени беа најефикасни кај Црвена Звезда, а Нанали постигна 19 поени кај Партизан.
Црвена Звезда за противник во големото финале ќе го има тимот на Мега, кој во првото полуфинале го совлада ФМП со убедливи 86-67.