Историски триумф за ФМП, по 15 години ја победи Црвена Звезда

Секоја серија има крај, а така заврши и долгата доминација на Црвена Звезда против ФМП. Тимот од Железник приреди вистинска сензација во првото коло од новата сезона во АБА лигата, совладувајќи го големиот фаворит со 90-89.

За ФМП ова беше историски триумф, бидејќи по 44 последователни порази и цели 15 години чекање конечно успеа да слави против градскиот ривал.

Најзаслужни за големата победа беа американските бекови Џеремаја Нил и Брендон Раш. Нил одигра извонреден натпревар и постигна 27 поени, додека Раш додаде 26 и беше клучен во завршницата.

Кај Црвена Звезда, која целосно разочара во премиерниот настап под водство на Ибон Наваро, најефикасен беше Крис Џонс со 19 поени.