• Мартин Танасковски

Името на Крива Паланка од денес ќе фигурира на листата на шампиони на Македонија. Кошаркарскиот клуб за првпат во историјата е првак во женска конкуренција.
Во финалната серија, Крива Паланка беше подобра од Бадел со резултат 3-1, а клучната победа за титула ја извојува на гостински терен, каде успеа да слави со резултат 75-73.
Драматичниот дуел се реши во финишот, затоа што и двете екипи имаа свои блесоци во сите квартали. Прв поентер кај Крива Паланка беше Аби Ниехуес со 22 поени и 17 скока.
Кај екипата на Бадел, прво име беше Фримен со 28 постигнати поени.