• Горан Упале
Никола Јокиќ синоќа влезе во историјата на НБА, откако во поразот од својот Денвер Нагетс го забележа 138. „трипл-дабл“ во кариерата. Српскиот кошаркар на тој начин застана рамо до рамо со легендарниот Меџик Џонсон на третото место на вечната листа, но тоа не му помогна да ја истурка франшизата од Колорадо до нова победа во НБА лигата.
Лoс Анџелес Клиперс ја врзаа осмата победа во низа, додека Нагетси го забележаа третиот пораз во последните пет натпревари (126-122).
Nikola Jokic just recorded the 138th triple-double of his career, which ties him with Magic Johnson for the 3rd most in NBA history. pic.twitter.com/GgH7DaUmEt
— Harrison Wind (@HarrisonWind) December 2, 2024
Српскиот кошаркар постигна 28 поени, со 14 скока и 11 асистенции, а Џамал Мареј и Мајкл Портер додадоа по 18 поени. На другата страна, листата на стрелци ја предводеше одличниот Џејмс Харден со 39 поени, кому му недостигаше еден скок за „трипл дабл“ (имаше и 11 асистенции).
Кошаркарите на Јута Џез вторпат сезонава немаа решение за Лос Анџелес Лејкерс, откако во драматичен финиш „езерџиите“ во „Делта Центарот“ славеа со минимални 104-105.
Брилијантна партија одигра Ентони Дејвис, кој запиша 33 поени и 11 скока, а него го следеше Леброн со 27 поени и 14 асистенции. За Јута се истакна финскиот ас Макрканен со 22 поени.
Лука Дончиќ повторно блесна на американскиот паркет и беше најдобриот поединец во победата на Далас Маверикс над Портланд (131-137).
Словенечкиот плејмејкер запиша 36 поени, 7 скока и 13 асистенции, додека за Портланд најрасположен беше Симонс со 27 поени.