• Саше Љолес
Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Демар Дерозан, влезе во историјата на НБА лигата откако успеа да стигне до 25,000 постигнати поени во својата кариера.
Дерозан е од 2009 година во најсилната светска лига, каде пристигна од Универзитетот „Јужна Каролина“ и беше избран како деветти пик од екипата на Торонто Репторс.
Тој е вкупно 27-ми играч во историјата кој стигнал до ова остварување, а до него стигна во третата четвртина од натпреварот против Чикаго Булс.