Историја за женската кошарка: Домашна победа по 17 години пост

Триумфот на женската сениорска репрезентација на Македонија во дуелот против селекцијата на Данска од првото коло од квалификациите за Европското првенство во 2027 година, е прв за една наша женска сениорска селекција во историјата, запишан како меч на домашен терен.

Овој 12. ноември, 2025 година, ќе остане запишан како историски, затоа што минималецот значи повеќе од двата бода освоени на почетокот на квалификациската трка за местата кои водат на Евробаскетот.

За последен пат, Македонија победила дома, на свој терен, во далечната 2008 година, поточно кажано на натпреварот одигран на 27.август, во салата „Јане Сандански“ во Скопје во кој за противник сме ја имале репрезентацијата на Естонија. На тој ден, сме ги совладале нашите добро познати ривали со резултат 67-64, но во натпревар кој бил во рамки од тогаш постоечката Б-дивизија (своевидни претквалификации).

Оттогаш па се до вечерва, нашите сениорки никако не успеваале да ја поминат таа своевидна „бариера“. По пауза долга повеќе од 17.години, Македонија слави победа на домашен терен, сега во салата на СРЦ „Кале“, која, одамна е познато, е сведок и на некои претходни големи резултати на македонската репрезентативна кошарка.