• Мартин Танасковски
Македонскиот кошаркарски претставник во ВАБА-лигата, екипата на ЖКК Бадел 1682, испиша историја и со домашен триумф над Партизан (58-46) се пласира во следната фаза од натпреварувањето, што е првпат во нашата клупска историја.
Македонија досега имаше клубови кои настапуваа во регионалното натпреварување, но ниту еден од нив не успеал да мине прва фаза. Бадел доминираше на натпреварот против белграѓанки на домашен терен, изедначена беше само првата четвртина (15-16), а потоа се беше во знакот на македонскиот тим.
Најдобри кај ЖКК Бадел беа Ивана Кметовска со 20 поени и десет скока, пред Нена Трајчевска со 16 поени и 13 скока, додека Цветанка Димова имаше 15 поени и осум скока. Кај Партизан се истакнаа Давиниќ и Боричиќ со по осум поени.
ЖКК Бадел во следната рунда нема да пренесува бодови, но сигурно е дека овој исчекор напред многу ќе значи за македонскиот тим во унапредувањето и искуството во женската кошарка.