Историја за Војдан Стојановски: Играч со најмногу настапи за Македонија

Македонската кошаркарска икона Војдан Стојановски испиша нова страница во нашата историја, затоа што и официјално стана играч со најмногу настапи во дресот со државниот грб.

Стојановски, кој има 38 години, на соочувањето со Азербејџан во Баку дојде до бројката од 90 настапи за Македонија и на првото место го прескокна Тодор Гечевски кој има 89 настапи во црвено-жолтиот дрес. Трет на листата е Врбица Стефанов со 66 настапи.

Војдан Стојановски го носи дресот на Македонија од 2008 година. Брка уште еден рекорд, тоа е по број на постигнати поени. На таа листа, Стојановски е четврти со 881 поен.

Пред него се Тодор Гечевски (891), Врбица Стефанов (947) и Петар Наумоски (989).