Историја во мак-баскетот: Дама првпат им судеше на мажите во елитата (ФОТО)

На натпреварот меѓу екипите на Шкупи и Гостивар кој во рамки на Првата македонска кошаркаска лига се одигра во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, испишана е нова историја во македонската кошарка, затоа што дама за првпат делеше правда на натпревар.

Судијката Бисера Јакова беше дел од арбитрите на натпреварот кој убедливо го добија гостиварчани (68-125) и стана првата дама која судела натпревар во најдобриот машки кошаркарски шампионат.

За Бисера Јакова тековната календарска година е седма во судискиот дрес, а Македонската кошаркарска федерација вложи напори за да таа стане и првата жена судија со ФИБА значка од нашата република.