• Зоран Мишевски
Саша Обрадовиќ и Монаки испишаа историја во француската кошарка. По историскиот пласман на „фајнал-фор“ турнирот на Евролигата, клубот од кнежевството ја освои и првата шампионска титула на Франција
Монако го совлада Левалоа со 92-85 во третиот натпревар, кој се одигра на Ролан Гарос, на теренот „Филип Шатрие“, кој беше специјално преуреден за оваа прилика, и го освои трофејот со 3-0 во серијата.
Тимот на Обрадовиќ го предводеа Џордан Лојд и Џерон Блосомгејм со по 22 поени, Окобо додаде 16, а разочарување беше Џејмс, кој впиша само два поени за 20 минути.
Првиот пик на претстојниот драфт во НБА лигата, Виктор Венбањама постигна 22 поени со 7 скока, a Томас додаде 20 поени за Левалоа.