Историја: ЛА Лејкерс го освои првиот Куп на НБА, Леброн МВП на турнирот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се првите освојувачи на НБА Купот во историјата. Во финалето што се одржа во Лас Вегас, Лејкерси ја победија Индијана со 123-109, а секој играч и член на стручниот штаб добија по 500.000 долари, додека првотимците на поразениот тим и сите кои учествуваа во ова натпреварување, ќе инкасираат по 200.000 долари.

Индијана го следеше ритамот на Лејкерси само во втората четвртина која заврши 31:31, додека во сите останати периоди од играта тимот од Лос Анџелес доминираше и си отвораше пат за голема победа. Лејкерси последниот удар на противникот му го зададоа во четвртата четвртина, кога со серија од 13-0 за резултат 102-99 ставија крај на сите дилеми.

Најефикасен поединец на натпреварот беше Ентони Дејвис со 41 постигнат поен и 20 скока, од кои 15 под сопствениот кош, додека Леброн Џејмс имаше учинок од 24 поени и 11 украдени топки.

На крајот „кралот“ беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на новоформираното натпреварување и со тоа докажа дека навистина е еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката. Во редовите на Индијана, Тајрис Халибартон и Бенедикт Матурин беа најдобри, со по 20 постигнати поени.