Исланѓанецот Хермансон ја напушти Алба и потпиша за Валенсија

Мартин Хермансон по две сезони ја напушти германската Алба од Берлин и потпиша двегодишен договор со новиот шпански учесник во Евролигата, Валенсија. Исландскиот бек има опција и за трета сезона со новиот клуб, ако двете страни бидат задоволни од соработката.

Минатата сезона Хермансон ја одбележа со подеми и падови, а просечно бележеше 11 поени и 5 скока со процент на шут од 44% за новиот шампион на Германија. Хермансон ќе му се придружи на Хилмар Хенингсон кој минатата сезона настапуваше за вториот тим на Валенсија, а за следната ќе биде прекомандуван во првиот тим. 

Валенсија е силно заинтересирана да го види во своите редови македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.